еМагазин
Image default
Бизнис

Убава вест: Раст од 26,5% на извозот во јануари

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во јануари годинава изнесува 641.517.000 долари и бележи пораст од 26,5 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Вредноста на увeзената стока во јануари годинава изнесува 757.165.000 долари, што е за 15,4 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит во јануари годинава изнесува 115.647.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1.

Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Според податоците на ДЗС, во јануари годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реализирани 48 милиони евра капитални инвестиции

Редакција

Владата даде согласност за јавно-приватно партнерство за две фотонапонски електроцентрали на местото на ТЕЦ Осломеј

Редакција

Нова листа на должници на УЈП: Граѓаните и фирмите должат 10,1 милијарди денари за даноци, придонеси и царински давачки

Редакција