еМагазин
Image default
Бизнис

Комерцијална ја послуша Народна банка, засега нема да дели дивиденда

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека во претходно објавените Предлог – одлуки за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2020 година и за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година, со Повикот за учество на Годишното собрание на Банката, објавен на 26.02.2021 година, направени се измени во насока на усогласување со Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките бр.02-15/III-6/2021 од 26.02.2021 година, донесена од Советот на Народната банка на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.47/26.02.2021), информира Банката преку Македонската берза.

„Комерцијална банка АД Скопје обрнува внимание дека и со измените на Одлуките, Надзорниот одбор на Банката останува со предлогот дивидендата да изнесува 600 денари по акција и дека измените во Предлог – одлуките за исплата на дивидендата претставуваат одложување од привремен карактер.

Износот на дивидендата останува како задржана добивка расположлива за распределба на акционерите до денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето за распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка лани исплатила милион евра за бруто плати и надоместоци на тројца главни менаџери

Ќе исплати ли Комерцијална банка дивиденда и покрај забраната од Народна банка?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по туристичките дестинации низ Македонија

Редакција

Струмички Грозд со добивка во првите девет месеци

Редакција

Владата го задолжи Министерството за здравство да склучи договор за набавка на вакцини против Ковид-19

Редакција