Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 7 февруари покажуваат дека најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Кавадарци.
„Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 8.418,9 на 100.000 жители, Скопје (7.646,1/100.000) и Неготино (7.414,9/100.000), а најниска инциденца со 2.277,4 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
Еве како изгледа состојбата низ Македонија:
Фото: Општина Кавадарци/мапа: ИЈЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.