еМагазин
Image default
Локално

Притвор за 41-годишник од Кавадарци осомничен за полов напад врз деца

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 41-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Полов напрад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, на точно неутврдени датуми во текот на првата половина на 2020 година, до 21.7.2020 година, во повеќе наврати извршил полово дејствие врз деца на возраст од 7 и 5,5 години.

Притоа, тој ги сликал жртвите со својот мобилен телефон.

Имајќи ја предвид опасноста од бегство на осомничениот, страв дека доколку биде на слобода ќе продолжи со вршење на вакви и слични кривични дела, како и тежината на стореното кривично дело за кое е запретена висока казна затвор во траење од најмалку 12 години, јавниот обвинител поднесе до надлежниот суд предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Основниот суд Кавадарци со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицаец се повредил на работа откако при чистење на пиштолот си пукал во раката

Редакција

Поднесени две кривични пријави за журките во Градиште

Редакција

Паркирање во „премиум-зоната“ во строгиот центар на Охрид сто денари за час

Редакција