еМагазин
Image default
Локално

По земјотресите, водата за пиење во Мавровскиот регион е заматена и не е за пиење

По силните земјотреси што се почувствуваа синоќа во Мавровскиот регион водата за пиење во сите селски населби е заматена и истата се препорачува да не се користи за пиење, изјави градоначалникот на општина Маврово–Ростуше, Медат Куртовски за Радио Слободна Европа.

„Поради земјотресите населението беше видно вознемирено, а поголем број на туристи кои беа во Маврово со своите автомобили го напуштија регионот и се упатија кон Скопје и други градови од кадешто беа дојдени“, истакна Куртовски.

Од јавното комунално претпријатие велат дека се додека нема друго соопштение за квалитетот на водата, поради заматувањето, истата не треба да се користи за пиење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео од мини торнадо кое преврте чамец на Охридско Езеро – хит на социјалните мрежи

Редакција

Трагедија во Скопје: Почина жена, а тешко е повредено тригодишно девојче

Редакција

Подмолно му ја украл пензијата од раце на скопјанец

Редакција