еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 589 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 589 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекува 41 болен, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 63 пациенти, во Прилеп 81, во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 18 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 9, Кавадарци 73, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 995 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драматично во Тетово: Голем наплив на пациенти со Ковид-19, можни дополнителни локални мерки

Редакција

Ревизорите откриваат: ВМРО-ДПМНЕ не може да најде уметник за да му плати 380.000 евра за 271 уметничка слика

Редакција

Просекот на заболени со коронавирусот во Македонија – 44,4 години

Редакција