еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Студија: Вакцинирани бремени жени ги пренесуваат антителата на новороденчињата

Бремените жени вакцинирани против Ковид-19 може да ја пренесат заштитата на новороденчиња, покажуваат податоците од ново истражување спроведено во Израел.

Студија од февруари откри дека антитела биле откриени кај сите 20 жени имунизирани со две дози вакцина Фајзер/БиоНТек во текот на третиот триместар од бременоста и кај нивните новороденчиња антитела биле пренесени преку плацентата.

Наодите на истражувачите од болницата Хадаса во Ерусалим се објавени во medRxiv, мрежна услуга за ширење на истражувања што сè уште не се објавени во списанија.

Авторите забележуваат дека студијата е мала и потребни се дополнителни истражувања за ефикасноста на вакцината во различни фази од бременоста, како и за безбедноста и ефекасноста на различните вакцини.

Во претходна студија, исто така во Израел, се утврди дека вакцинираните доилки пренесуваат антитела на своите бебиња.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај лицата на возраст од 20 до 39 години најголемо зголемување на бројот на заразени со Ковид-19

Редакција

Новинарот на Канал 5 имал контакт со член од семејството кој е позитивен на корона вирусот

Редакција

Москва: Не планираме да го убиеме Зеленски

Редакција