еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Лиде Лиде конечно се запозна со министерот Филипче

Жената која на социјалните мрежи е позната како Лиде Лиде, конечно се запозна со министерот за здравство Венко Филипче.

Таа стана популарна по бројните јавни покани за кафе до Филипче, откако почна пандемијата со Ковид-19.

Селфито на кое е со маска на која пишува „Лиде Венко“ заврши на нејзиниот Фејсбук, а за порталот ММС таа раскажа како дошло до средбата.

Другарка и дојавила дека во едно кафуле Филипче пие кафе со министерката за образование и наука, Мила Царовска, по што Лиде се одлучила конечно да ја оствари својата желба да се запознае со министерот.

Со голема трема му пришла на министерот и го прашала за селфи, тој се согласил, а Лиде раскажува дека рацете и се треселе од возбуда, па на крај морала да ги слика нејзината другарка.

Фото: Фејсбук/Лиде Лиде

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Соникс“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на болнички кревети вреден 396.000 евра

Редакција

„Хитови“ од најдолгиот полициски час: Оро може, шетање куче не може

Редакција

(Фото) Ексклузивна изложба од непроценливо значeње: „100 години Требениште“

Редакција