Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 81 нов пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 613 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 46 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден.
Во Козле биле примени 4 нови пациенти и 5 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 55 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 295 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 114 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 138 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 лица.
На Клиниката за Детски болести има 20 пациенти позитивни на ковид 19 вирусот и 7 на ГАК,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ