еМагазин
Image default
Македонија

Вчера 730 граѓани се вакцинирале со „АстраЗенека“

Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се 730 граѓани на пунктовите низ државата. Дневно од 30 до 55 лица се вакцинирале во еден пункт, информираат од Министерство за здравство.

Според податоците на Националниот систем „Мој Термин“, заинтересираноста помеѓу граѓаните над 77 години кои го започнаа процесот на вакцинација вчера е висока, односно само 2% од граѓаните кои имале закажано термин не ја примиле вакцината.

„Вакцинацијата на лицата кои спаѓаат во 1б групата стартуваше вчера во Скопје, односно во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир и Букурешт, во Здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци.

Утре ќе започне и вакцинацијата во останатите градови – Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод,“ се вели во соопштението.

Вакцинацијата се одвива на постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите низ државата.

Пунктовите работат од 8 до 20 часот секој ден од понеделник до петок. Закажувањето на термин го прави матичниот лекар кој е должен на секој граѓанин да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде се спорведува вакцинација против Ковид-19.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Поради говор на омраза поведена постапка за разрешување на Иванов од надзорниот одбор на МИА

Редакција

Партиите биле блиску до договор за датум за избори, но во последните два дена комуникацијата била прекината, вели Пендаровски

Редакција

(Фото) Катица Јанева на граница, се враќа од одмор?

Редакција