Премиерот Зоран Заев по средбата во Собранието со лидерите на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, изјави дека имале успешен напредок и сериозен исчекор во разговорите, истакнувајќи дека до крајот на неделава на основа на анализата која експертите ќе ја направат, ќе може да се финишираме со законското решение за државјанствата.
-Разговаравме за сите отворени прашања кои беа во предлог-законското решение од Алијанса за Албанците и Алтернатива, и се изнајдени механизмите за изнаоѓање решение, не би зборувал за деталите, сега треба експертите да ги стават на хартија и да ги анализираат, за да го процесуираме и законското решение, рече Заев.
Истакна дека во тој дел, Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ги информираат и ВМРО-ДПМНЕ и Левица, бидејќи и тие две партии поднеле амандмани за ова законско решение.
-Се видоа детално бројките колку граѓани кои немаат државјанство, или кои не стекнале државјанство со брак, поради враќање во земјата ги бараат државјанствата и врз основа на тоа ги отворивме сите важни прашања, заокруживме доминатни европски пракси.
Годините за стекнување на државјанство кај нас е престој од осум години, имаме европски земји каде што имаме пет, седум, десет години. Ќе се извади еден просек, и согласно Европската Унија ќе се формира една бројка, рече Заев.
Заев, во одговор на новинарско прашање, посочи приближно во бројки за колку барања станува збор, односно колку граѓани бараат државјанство.
-Околу 2.727 барања, од отприлика 3.200 граѓани, од кои 1.500 кои не живеат тука. Имаме 800 граѓани т.н. фантоми, граѓани кои се родиле овде и никогаш не добиле државјанство. Дури некои имаат извод од матична книга на роден, но не зеле државјанство, вели Заев.
Села и Гаши отворени за предлози за Законот за државјанство
Алијанса за Албаниците и Алтернатива, никогаш не изјавиле дека нивниот предлог за Законот за државјанство треба да се земе или остави, истакна претседателот на АА, Зијадин Села, кој што наведе дека на денешната средба со премиерот Зоран Заев, е дискутирано и за предлогот со три сведоци да се дојде до државјанство. Тој додаде дека тие секогаш биле отворени да се најде решение.
– Да, ќе се понуди едно решени кој повторно ќе биде објект на следната средба за да се претвори во текст каде ќе бидат предвидени неколку докази – сведителство, фактура од сметка за струја и др, од кој доволно ќе биде да се исполни еден и по атвоматизам на овие граѓани ќе треба да им се потврди државјанството. Важен е пристапот, рече Села.
Африм Гаши од Алтернатива, во однос Законот за државјансво, рече дека клучни се две-три теми.
– Една проблематика е тоа дека треба да се утврди оти една голема група на граѓани биле жители тука, но со државјанство на Југославија и во време кога Македонија стана суверена тие не успеале да аплицират (за државјанство). Друга клучна тема е и употребата на јазиците.
Сигурно и во ова насока ќе побараме да се почитува Законот за јазици. Имаме две пракси, првото е Законот за јазици и европските стандарди. Врз основа на овие две критериуми ќе треба да изнајдеме решение, изјави Гаши.
МИА/Фото: МИА