Семејството на Верица Белчовска, која спаси неколку граѓани, ќе добие стан на користење во Струмица.
Таа пред извесно време загина во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство одлучи да ги донира органите.
“Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски, чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица.
Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост„, напиша на Фејсбук, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Дека државата треба да го реши станбеното прашање на оваа семејство, неодамна повика и редакцијата на еМагазин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одземен пасошот на момчето што ја прегази Верица на пешачки премин во Струмица
Фото: Фејсбук/Белчовска