еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Беќаровски: Работниците кои ќе развијат поствакцинален синдром, да не се прислуваат веднаш да се вратат на работа

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил повикува работниците кои ќе развијат поствакцинален синдром откако ќе се вакцинират против Ковид-19, да не се прислуваат веднаш да се вратат на работа.

“1-3% од вакцинираните развиваат таканаречен поствакцинален синдром, кој обично е лесен и се манифестира со болна осетливост, температура, малаксалост. Овој синдром трае 24-48 часа.

Мора да разбереме дека за успешна вакцинација на вработените во приватниот сектор мора да се обезбедат и услови за сите кои ќе развијат поствакцинален синдром да отсуствуваат од работното место, а не по секоја цена да се присилуваат веднаш по вакцинацијата да се вратат на своите работни места.

На овие лица мора да им се овозможи да отсуствуваат 1-2 дена од работното место БЕЗ ДА БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ НА ЗАКАНИ.

За да не се злоупотреби оваа можност од вработените, може да постои клаузула за одработување на ова отсуство, каде технолошкиот процес тоа го дозволува, или наједноставно да се одземе 1-2 дена од годишниот одмор“, пишува тој на Фејсбук и испраќа апел:

“Затоа апелирам до надлежните во МЗ и МТСП, веднаш изнајдете начин како овој проблем безболно да се разреши. Во спротивно ќе имаме се помал одзив за вакцинација во оваа екстремно вулнерабилна популација, а со тоа ќе биде компромитиран и целиот процес за создавање на колективен имунитет.

Само здрав, задоволен и заштитен работник е продуктивен на своето работно место !!!„, пишува тој.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска и утре невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Редакција

Двојните избори ќе ги чинат граѓаните 17 милиони евра, од кои 10 милиони се за платено политичко рекламирање

Редакција

Проф. Трајковски: Ако цели класови не се стават во изолација по регистрирани позитивни, ќе имаме ран почеток на есенскиот бран

Редакција