Премиерот Зоран Заев, денеска преставувајќи го Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027, информираше меѓудругото и дека германскиот ланец маркети „Лидл“ во Македонија ќе инвестира 300 милиони евра и ќе отвори маркети во осум градови.
Како што најави Заев, „Лидл“ во Скопје ќе отвори неколку маркети.
-„Лидл“ ќе има обврска да откупува земјоделски и кондиторски производи и да ги продава во своите ланци низ Југоисточна Европа, рече Заев.
Заев за следните шест години најави инвестиции од над 8 милијарди евра.
Најголем дел од нив, како што изјави Заев, се приватни инвестиции или грант донации од Европската Унија, концесии, јавни приватни партнерства, или се заедно вкупно 4,2 милијарди евра.
За следните пет години најави голем број на инвестиции во ски-центри, енергетиката, патната, железничката и гасната инфраструктура, капацитети за преработка на отпад, како и најмалку 30 странски инвестиции во вредност од 654 милиони евра во блиска иднина на повеќе локации во земјава со голем број нови работни места.
-Наши државни пари од сопствен буџет, а дел од кредитните линии коишто се потпишани се повеќе од 3,8 милијарди евра, што значи заедно надминуваме осум милијарди евра инвестиции, рече Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Лидл“ регистрираше компанија во Македонија, менаџментот на средба со Заев, Бочварски и Шилегов
„Лидл“ отвора супермаркет во Македонија