еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Професор Трајковски: Свадбарите да побрзаат и нека завршат со свадбите летово, затоа што не знаеме што носи есента

Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој на неговиот Фејсбук-профил секојдневно прави анализи за трендот на пандемијата со Ковид-19 во Македонија и светот, во последната меѓудругото се осврнува и на најавите дека од јуни ќе бидат дозволени свадби со 100 гости.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без маска на отворено од 1 јуни, свадби со 100 гости, а полицискиот час да остане, предлага Комисијата за заразни болести

„…За сите коишто мислат дека кај нас бранот е сузбиен благодарение на доволниот степен на колективен имунитет од прележување, еве еден разочарувачки податок. Во Велика Британија, земја со официјално поголема кумулативна инциденца отколку во Македонија (имаат поголем вкупен број на дијагностицирани од почетокот на епидемијате до денес, сметано на милион жители) и стапка на вакцинираност со најмалку една доза вакцина од речиси 60%, а со две дози од близу 40%, седумдневниот просек на дневниот број на новодијагностицирани на милион жители изнесува 43, наспроти македонските 16.

Тоа воглавно се должи на индискиот сој на вирусот и ова нека им послужи како последно предупредување на нашите власти за затворање на границите, ако не сакаат да го видат истото сценарио и тука.

Посериозните европски држави, на пример Германија, веќе наметнаа ограничувања за влез во државата. Мерките се преземаат додека вирусот не пристигне, бидејќи потоа ќе биде доцна.

Патем, да не заборавиме дека кај нас стапката на вакцинација со најмалку една доза изнесува одвај 11,2%, а со две дози занемарливи 3,4%.

Кога сме веќе кај потребниот степен на колектiвен имунитет, кој врз основа на темпото на спуштање на епидемиолошката крива и некои други фактори пред извесно време го проценив на 50% – 65%, сега морам да дадам една, можеби разочарувачка корекција или дополнение.

Врз основа на еден друг показател, стапката на серопреваленција (присуство на IgG антитела во крвта, индикатор на прележаност на Ковид-19), работите не изгледаат толку розово…“, пишува тој.

“…Заклучуваме дека моменталното стивнување на епидемијата во најголема мерка се должи на сезонскиот фактор, односно доаѓањето на летото и завршувањето на 8-неделниот циклус на пролетниот бран, во комбинација со досегашната прележаност, чие влијание сепак е дискутабилно.

На есен, со заладувањето на времето и пристигнувањето на индискиот сој на вирусот, доколку не биде извршена вакцинација на најмалку 1,1 милион граѓани на Македонија, постои извесна веројатност за избувнување на нов бран, кој сепак би бил барем двојно послаб од претходните бранови (заради прележаноста и вакцинираноста).

Нека им е со со среќа на сите свадбари, подобро нека побрзаат и нека завршат со свадбите и гужвите летово, затоа што не знаеме што носи есента“, пишува Трајковски на Фејсбук.

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во моментов сме во состојба на вето за Македонија, ќе побарам мониторинг од ЕУ за правата на македонските Бугари, најави Радев

Редакција

Македонската берза во „црвено“ поради корона вирусот

Редакција

„ЗСФ КОМ“ на Фатмир Етеми повторно ја зголеми сопственоста во „Скопски пазар“

Редакција