еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пациентката на која вчера и беше трансплантирано срце е во стабилна состојба

Пациентката на која вчера и беше трансплантирано срце е стабилна. Вчера имаше неколку ревизии, имаше некои мали крварења после што се најдоа некои технички извори на крварења што се решија и денеска е дефинитивно стабилна и ги нема тие знаци што ги имаше вчера. Јас верувам дека тоа значи дефинитивно стабилизирање на состојбата, дека нема да се случи некаква друга хируршка компликација, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека тоа се информации од изутрината и непосредно пред настанот телефонски зборувал со докторите кои ја следат нејзината состојба.

– Верувам во таа насока ќе продолжи и во текот на денешниот ден. Сега е ситуација кога секој час, секоја минута е битна. Се пратат параметрите на секој час и во делот на анализа на крвната слика и во делот на параметрите на дишењето, работата на срцето.

Се уште е рано, меѓутоа добри се знаците, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се чуствуваат добро: 44-годишен маж и 30-годишна жена добија нови бубрези од починатата девојка-донор

(Фото) Почна да чука новото срце на 39-годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 184 излекувани здравствени работници од коронавирусот во Македонија

Редакција

20 вредни икони кои им припаѓаат на македонските цркви, ќе бидат вратени од Албанија

Редакција

Македонец убиен во Србија од поранешниот сопруг на партнерката

Редакција