Привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев во интервју за Бугарската национална телевизија истакна дека Македонија нема да добие одобрение од Бугарија за почеток на преговорите за членство во Европската унија за време на Советот за општи работи на 22 јуни.
Неговата изјава се совпаѓа со ставот на Министерството за надворешни работи на Бугарија според кое, условите за одржување на првата меѓувладина конференција не се исполнети.
Според Јанев, во моментов, Бугарија не може да „направи компромис со својата позиција“.
„Бугарија нема да ја одобри рамката за преговори со Северна Македонија во сегашната форма, бидејќи нашите услови во моментов се под покровителство и според одлуката на оваа рамка, што ја обезбедува Парламентот. Привремената влада не е во состојба да направи таков чекор напред во овој поглед. Оваа позиција е конзистентна,“ додаде премиерот.
Македонска владина делегација утре ќе замине во посета на Софија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР на Бугарија: Условите за меѓувладина конференција со Македонија не се исполнети
Фото: МИА