еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Колективен имунитет не е возможен, тврди Петличковски

Директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски во Дневникот на ТВ Сител не сакаше да прогнозира кога точно ќе заврши пандемијата со Ковид-19, имајќи го во предвид ланското искуство.

Тој рече дека сепак нема место за бран како ланскиот кога заврши летото.

„Мал дел отпаѓа на имунизираност и прележана болест, но и условите не му одговараат, а може и да има нешто во вирусот што го прави таков“, одговори Петличковски на прашањето дали вирусот преку летото слабее.

Рече и дека пред една и пол година предвидувањата, односно пресметките биле дека 60 отсто имунизирани преку вакцина или природен пат се потребни за колективен имунитет, но дека сега прагот е кренат до 85 проценти за вирусот да нема каде да се шири.

„Колективен имунитет не е возможен, има појава на нови соеви, а покрај тоа никогаш нема да постигнеме 100 отсто вакцинираност. Дополнително, има луѓе кои не пристапуваат кон втората доза. Затоа, тоа реално нема да се случи“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крај на пандемијата кај нас може да се прогласи во август или почетокот на септември, оценува Филипче

Фото: Фејсбук-Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Актери им одржаа лекција на несовесните возачи

Редакција

Денеска променливо облачно со сончеви периоди, наместа краткотраен пороен дожд

Редакција

Доктор Беќаровски: “Синофарм“ е идеална вакцина за тие што прележале Ковид-19, ама има две маани

Редакција