еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Португалија уште во јануари си кажа дека е на страната на Бугарија во спорот со Македонија

Државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, освен што измисли нов јазик – „северномакедонски“, во изјавата која вчера ја пренесоа бугарските, а потоа и македонските медиуми, само го повтори тоа што на почетокот на јануари, годинава го кажа португалскиот амбасадор во Европската Унија (ЕУ), Нуно Брито, на стартот на претседавањето на Португалија со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Португалија измисли „северномакедонски“ јазик, и тој потекнува од бугарскиот

(АУДИО) Португалската министерка Закаријаш рекла „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“

Тој тогаш рече дека Лисабон ќе се однесува претпазливо кон прашањето за проширувањето на ЕУ, а прашан како го оценува однесувањето на Бугарија, која со своето вето го блокира почетокот на пристапните преговори со Македонија, како што тогаш пренесе БТА, одговори: „не е во ред да се обвинува Бугарија за попречување на процесот, бидејќи токму таа држава е еден од силните поддржувачи на проширувањето на ЕУ”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Португалија смета дека треба да се почитува бугарската позиција, се надева дека проблемот со Македонија ќе го реши Словенија

Истото сега, шест месеци подоцна, го повтори и Закаријаш, која како што пренесе Бугарското национално радио, вели дека треба да се почитува бугарската позиција и да не се воведуваат несогласувања во ЕУ.

„Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија, станува збор за историјата, културниот идентитет на двете земји, како и за идната соработка.

Тие во моментов работат на патоказ што треба да им помогне во соработката, а Бугарија да има гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, работите ќе се одвиваат без попречувања“, изјави Закаријаш.

Рече и дека е многу важно несогласувањата меѓу двете земји да не се внесуваат во ЕУ и оти Бугарија е под притисок да најде компромис.

“Мислам дека времето не беше соодветно за решение. На Бугарија и требаше повеќе време да разговара за овие прашања. Дали ќе има избори или не, сметам дека преговорите со Северна Македонија мора да продолжат, особено во однос на патоказот, кој мора да биде јасен.

Двете страни се обидуваат да го искажат својот став – Бугарија секогаш велеше дека не е против членството на Северна Македонија во ЕУ, напротив, таа сака да биде таму“, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Португалската амбасадорка во Македонија ги демантира бугарските медиуми за македонскиот јазик

МНР ќе ја проверува автентичноста на изјавата на португалската министерка за македонскиот јазик

За португалската министерка за Европа, македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Блерим Река, кандидатот за претседател на Македонија, стана министер во новата косовска влада

Редакција

Повисоки плати и месечни бонуси за вработените во Веро и Jumbo

Редакција

Заев: Не можам да кажам дали и мене ме снимал Јордан Камчев

Редакција