еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

По две недели, почина пациентот кај кого беше извршена четвртата трансплантација на срце во Македонија

Телевизијата Телма објави дека две недели по трансплантацијата на срце починал последниот пациент кај кој беше изведена операција.

Негови блиски за Телма тврдат дека операцијата била успешна, но потоа се создала инфекција од бактерија. Поради тоа што се работи за премногу кусо време по смртта на човекот, тие не сакаат јавно да говорат.

Министерот Вернко Филипче во емисијата Утрински брифинг на Слободен печат ја потврди оваа информација. Тој рече дека пациентот бил во тешка состојба, која на моменти му се подобрувала, а на моменти влошувала. За жал како што вели последното влошување не го преживеал и покрај тоа што лекарите дале се од себе.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извадок од книгата „Дневникот на една планинарка“ на починатата Велевска, преведен во босански медиум

Редакција

Почнуваат преговорите со Грција за трговските ознаки: Македонски ќе бидат и нашите и грчките вина

Редакција

„Полека, полека, Шутка ко Халкидики станува. Исто друштво, иста забава“: Твитер за приведувањето на Јанакиески, Вељаноски и Ристоски

Редакција