еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Вакцинацијата не е задолжителна, но ќе биде ли „присилна“

Со започнување на теренската вакцинација, процентот на вакцинирани во Македонија се зголеми за три до четири проценти.

Па така, според последните податоци на Министерството за здравство, 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 55% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 50% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 40% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Во државата вкупно се аплицирани 700.193 дози вакцини, а ревакцинирани се 259.894 граѓани.

Можно ограничување на движењето

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ако опфатот на вакцинирани до крај на август не е задоволителен, од септември ќе има нови мерки, меѓу кои и оние кои се однесуваат на ограничување на движењето. Па така, се размислува, само граѓаните кои примиле вакцина да може да присуствуваат на масовни настани на затворено како кина, театри, концерти и сл.

Ова засега е прва ваква најава, која ја ограничува слободата на движење, но не значи дека ќе биде и последна. Ширењето на делта сојот станува опасност за нов бран, а властите засега се обидуваат да го зголемат процентот на вакцинирани, без да воведуваат некакви рестриктивни мерки.

Филиче изјави дека акцентот во земјава се става на вакцинацијата, а не на воведување на некакви рестриктивни мерки, бидејќи ќе мора да се научиме да живееме со вирусот.

„Наша проценка е дека до крајот на јули околу 500.000 илјади граѓани ќе бидат вакцинирани со една доза, а приближно толку ќе бидат ревакцинирани“, изјави неодамна Филипче.

Филипче вели дека според анализите на Министерството, здравстениот персонал е вакциниран во прилично висок процент, некаде околу 85 проценти, а се чекаат и анализите со опфатот на вакцинација на вработените во училиштата и градинките.

Капацитетите за вакцинација, според него, се така димензионирани да може да се вакцинираат меѓу десет и петнаесет илјади граѓани дневно, а поради намалениот интерес за вакцинација преку системот за закажување, се отворија пунктовите без закажување.

Засега останува вакцинацијата на децата над 12 години да не биде задолжителна кај нас, иако како што изјави министерот, таа е услов за одење на училиште во некои западноевропски земји.

Мерки за вакцинирање

И не само Македонија, туку и соседните држави воведуваат некакви мерки со кои би ги натерале граѓаните да се вакцинираат.

Во Грција од денеска стапува на сила одлука со која им се забранува на невакцинираните лица да влегуваат во затворени простории, а казната за оние кои не ја почитуваат оваа мерка е 300 евра, додека за оние кои ќе се обидат да го фалсификуваат сертификатот е 3.000 евра.

Од 1 септември, Грција воведува задолжително вакцинирање за старите лица и за здравствените работници, сѐ со цел сегашните 40 отсто вакцинирани до есен да се зголемат на 70 отсто од населението.

Од наесен најверојатно задолжителната вакцинација ќе биде за оние кои работат во домовите за стари лица, здравствените работници, но и оние кои работат во угостителски објекти, особено во кујните. Се споменуваат и студентите, но и оние кои работат во образование, поради тоа што наскоро таму започнува училишната година.

Во Србија на пример, на здравствените работници им е забрането да се вратат на работа, доколку не се вакцинираат, а претседателот Александар Вучиќ планира да воведе лотарија за граѓаните да ги натера да се вакцинираат.

Претходно, во одреден период Србија даваше парични награди, за оние кои што ќе се вакцинираат.

ПЦР-тестот во Србија е скап, (околу 80 евра) и оттука, за граѓаните е неисплатливо секогаш да се тестираат кога тоа ќе им биде побарано.

Иако вакцинацијата не е задолжителна, со одлуките кои државите ги ностат во меѓувреме, таа изгледа ќе стане “присилна“. Некои држави во светот одат до таму што на интервју за работа се бара и да си вакциниран, а исто така вакцинацијата станува и услов за да се задржи работното место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако опфатот на вакцинирани не е голем, на есен ќе има нови рестриктивни мерки, најави Филипче

Наредниот период фокусот ќе биде на вакцинацијата, а не да живееме со рестрикции, најави Филипче

Нема одлука за рестриктивни мерки на границите, акцент се става на вакцинирањето, рече Филипче

Сите затворени места во Грција ќе примаат само вакцинирани лица, мерката ќе почне да важи од 16 јули

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожари, поплави, топлотни бранови: Претседателите на Грција, Италија, Хрватска, Малта, Португалија и Словенија со заеднички апел за климатската криза во Медитеранот

Редакција

(Фото) Да купиме акции од ученичка компанија од Берово, за да ги брендираат локалните малешевски производи

Редакција

Министерството за одбрана вработува 125 професионални војници, плата до 24.000 денари

Редакција