еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

УХМР со предупредување: Претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците

Продолжува нестабилното време со повремени краткотрајни локални поројни врнежи од дожд, на места во вид на невреме придружувани со засилен ветер и појава на град, информираат од Секторот за хидрологија при Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од таму најавуваат дека на места каде локално врнежите ќе бидат поинтензивни можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици низ земјата и појава на одрони и свлечишта.

Можна е и појава на течење и слевање на вода низ дел од градските урбани средини на места каде процесите ќе бидат поинтензивни со краткотрајни интензивни врнежи од дожд.

– За поголемите реки засега не постои опасност од нивно излевање. Ваквото нестабилно време со поројни врнежи од дожд се очекува да трае до вторник, кога се очекува стабилизирање на состојбата, соопштија од УХРМ.

Од таму предупредуваат на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во наредните денови, особено за време на попладневните часови од денот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По розата од Цацко и метлата од Дац: „Дигитрон“ следен подарок за Заев?

Редакција

Брнабиќ: Условување на евроинтеграциите со билатерални прашања ќе го отежне патот на сите нас од Западен Балкан кон ЕУ

Редакција

На Антарктикот измерена температура за 38 степени повисока од вообичаеното

Редакција