еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска присуствуваа на „Галичка свадба“

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со сопругата, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваа на 47. издание на манифестацијата „Галичка свадба“, што се одржува под негово покровителство.

За време на викендот, беа одржани традиционалните свадбарски обичаи и адети кои изобилуваат со автентични носии, изворни песни и ора, карактеристични за мијачкиот фолклор.

Честитајќи го склучувањето на бракот на годинашните младенци, Катерина Илиевска и Филип Бундовски, кој е по потекло од Галичник, претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска им подарија „галичка пафта“ со мотив од галичка носија и им посакаа долговечен и хармоничен заеднички живот исполнет со многу љубов, здравје и среќа.

Манифестацијата „Галичка свадба“ со своето опстојување придонесува да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочуваат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија изработена со филигрантска прецизност и точност на терзиите.

Oфицијалниот почеток на годинешната Галичка свадба беше означен вчера со поставување на свадбарското знаме и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот, a свеченоста заврши денеска со испраќањето на тајфата Мајовци.

Фото/Кабинет на претседателФото/Кабинет на претседателФото/Кабинет на претседател

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Галичка свадба 2021: Автентичната традиција продолжува по пауза од една година

(Галерија) На Галичник спиев во кола и ја сонував Галичка свадба

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на тоалетната хартија, влошките, влажни марамчиња, пелените се замрзнуваат и се намалуваат за 13%

Редакција

Народна банка: Инфлацијата до август на годишно ниво, 11,6%

Редакција

Ако сакате во ЕУ, донесете ги уставните измени, порача Борел од Скопје

Редакција