еМагазин
Image default
Бизнис

Усвоени измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со цел подобрување на условите за инвестирање за над 200 компании

По предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук-профил.

Со овие законски измени се олеснуваат критериумите за аплицирање и за исплата на финансиска поддршка за производствените компании.

Со измените на овој Закон ќе се олеснат условите за 245 компании кои имаат активни договори, а особено за потенцијално новите компании, кои инвестирале во 2020 година или ќе инвестираат во 2021 година.

Согласно законските измени: се олеснуваат условите за доделување на финансиска поддршка на компании кои инвестирале во услови на Ковид-19, се зголемува опфатот на компании кои ќе може да аплицираат за финансиска поддршка, се подобруваат условите за инвестиции од дијаспората, дополнителна финансиска поддршка за компании кои се од помалку развиени региони во државата.

Целта на измените и дополнувањата на овој закон е забрзано поттикнување на економскиот раст и развој преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата.

Законот за финансиска поддршка на инвестициите почна да се применува во 2018 година, како дел од Планот за економски раст на Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Живко Мукаетов купи акции во Алкалоид

Редакција

Трготекстил малопродажба во загуба во првите девет месеци од годината

Редакција

И Иванов ќе се „спаси“, нема да плаќа повисок данок за неговата плата

Редакција