еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам: Кои се обичаите

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога.

Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините.

Курбан Бајрам трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, и го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поставени посебни контејнери за одлагање на органскиот отпад за време на празникот Курбан Бајрам

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за економија вработува, плата до 37.631 денар

Редакција

(Видео + Галерија) „New voices“, кампања на Манго за пролет/лето 2018

Редакција

Тендер вреден седум милиони евра: „Окта“ и „Супертрејд“ ќе ги „полнат“ нафтените резерви со дизел

Редакција