Алкалоид АД Скопје, во периодот јануари-јуни 2021 година оствари позитивни финансиски резултати, искажани во неревидираните единечен и консолидиран биланс на успех, информира компанијата преку Македонската берза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За шест месеци 121 нови вработувања во Алкалоид и инвестиции од 524 милиони денари
“Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари-јуни 2021 година изнесуваат 5.063.282 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат раст од 3%.
Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 95%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2020 година бележат раст од 1%.
Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари-јуни 2021 година изнесуваат 6.453.784 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат раст од 3%.
Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2020 година бележат раст од 3%.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари-јуни 2021 година изнесуваат 4.407.068 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат раст од 2%.
Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари-јуни 2021 година изнесуваат 5.772.482 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2020 година бележат раст од 2%.
Од вкупните консолидирани продажби, 65% се остварени на странските пазари. Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во Русија и другите земји од ЗНД (раст од 28%) и во земјите од Југоисточна Европа (раст од 3%).
Остварената единечна нето-добивка во 2021 година изнесува 588.962 илјади денари и во споредба со остварената во 2020 година бележи зголемување за 12%.
Остварената консолидирана нето-добивка во 2021 година изнесува 583.524 илјади денари и во споредба со остварената во 2020 година бележи зголемување за 14%“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Живко Мукаетов купи акции во Алкалоид
(Фото) Бектеши, Мојсовски и Тасев ја посетија подружницата на Алкалоид во Киев, Украина