еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Шокантни снимки од пожарите во Грција

Грција неколку дена е во пламен, а на дневна основа има и по над сто пожари, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Најпогодена е Евија, каде огнот буквално го опустоши островот, а илјадници жители се евакуирани.

Ужасот на Евија најмногу го доловуваат овие снимки, кои се направени од жителите на островот, кои беа принудени да го напуштат истиот и од траект да гледаат како им гори се што поседуваат:

Во пожарите досега починаа две лица, а материјалната штета е голема. Директна жртва на пожарите е млад волонтер, како и претседателот на Унијата на стопанските комори на Грција и на Атинската комора за трговија и индустрии, Костантинос Микалос, кој најверојатно починал од срцев удар во неговата фабрика, додека гледал како истата гори.

Медиумите во Грција ситуацијата ја опишуваат како катстрофа со библиски размери.

Сериозна е ситуацијата и на Пелопонез и во предградијата на Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Горат предградија на Атина: Илјадници жители ги напуштија домовите

Граѓаните се незадоволни и бесни за тоа како грчката Влада се справува со пожарите, иако истата, како и во Македонија, доби помош од неколку членки на Европската Унија.

Освен огромната штета за вегатацијата, во пожарите настрадаа и многу домашни и диви животни:

Фото: Open TV/Видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предвидува ослободување за казна затвор до 6 месеци: Законот за амнестија помина на Влада и оди во Собрание

Редакција

„Среќен сум што на едно големо натпреварување се опростувам од репрезентацијата,“ вели Пандев

Редакција

Доказ дека болничкиот систем крахираше е што хоспитализацијата не можеше да го следи бројот на активни случаи на Ковид-19, вели проф.Трајковски

Редакција