еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Петличковски: Да се чека за вакцина од 1 до 6 месеци по прележан Ковид-19

Директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски за ТВ 24 вели дека препораката е да се чека за вакцина од 1 до 6 месеци по прележан Ковид-19.

– Нема дилема дека помината болест остава имунитет и тој имунитет трае скоро шест месеци, но е варијабилен и од човек до човек не се создава иста количина на антитела и иста активација на клеточниот имунитет.

Од тие причини, се предлага да се оди и со вакцинација која ќе го засили и униформно ќе го стимулира имунитетот кај граѓаните кои имаат прележано ковид, вели тој.

Како што вели Петличковски, се препорачува вакцинација и на оние кои прележале, но не се советува анализирање на антитела, бидејќи ја нема таа бројка, таа концентрација на антитела која би претставувала контраиндикација за вакцинација.

– Количината на антителата не игра улога во препораката за вакцинирање, туку повеќе игра улога времето кога е помината вакцинацијата. Терминот којшто се советува да се запази после помината болест е до шест месеци. Во рамките на овие шест месеци, се препорачува вакцина и на луѓето кои ја поминале болеста, рече Петличковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Втора доза од вакцините кај прележаните воопшто не е потребна, покажува истражување на Институтот за имунологија

Нема доволно имунитет со прележан Ковид-19 или со една доза вакцина, порачува Филипче

Доктор Пановски: Прележаните од Ковид-19 не треба да се вакцинираат, ако веќе го прават тоа, да се вакцинираат со една доза

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Многу течности и парацетамол за температура над 39, советува Докиќ за болните од Ковид-19

Редакција

81% од моментално хоспитализираните со Ковид-19 не се вакцинирани

Редакција

Унковски до Филипче: Дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно „Бушавата азбука“

Редакција