еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Единствениот Македонец кој остана на грчкиот остров Евија раскажува за пожарите

По пожарите што избувнаа на грчкиот остров Евија, повеќето летувалци од земјава од страв и од претпазливост го напуштија ова туристичко место и се вратија во земјава или се упатија на друга побезбедна дестинација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од грчкиот остров Евија безбедно заминале 38 македонски државјани

Единствениот Македонец кој ги занемари пожарите на островот и сè уште е таму е скопјанецот со кичевски корени 73 годишниот Драги Стојкоски, кој тука останува до крајот на својот аранжман.

– На островот пожар имаше и пред јас да пристигнам таму, но на друга локација, и не во местото Едипсос, каде што сум сместен. Сепак, од амбасадата на нашата земја во Грција ми се јавија да ми помогнат за да стигнам до Атина.

Но, јас се одлучив да останам во летувалиштето, сметајќи дека ќе биде помирно и дека пожарот се држи под контрола. Тука сум веќе пет дена.

Иако сум во години, сепак сум храбар човек и досега сум пребродил многу слични искушенија, вели Стојкоски, кој најави дека целиот аранжман ќе го помине на овој остров и по неговото завршување ќе се врати во земјава, независно дали на островот сè уште има опасност од шумските пожари или не.

Инаку Стојкоски во текот на летото веќе имаше една туристичка тура во Грција, кога кон крајот на месец јуни престојуваше на островот Крф, а има практика секое лето да престојува барем во две различни летувалишта во една од земјите на Медитеранот, а тоа најчесто го чини во Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Снимка од дрон покажува што и направи пожарот на Евија

(ВИДЕО) Морничави сцени од грчкиот остров Евија, жителите се „преселија“ на плажа и на ферибот

Фото: Meteo/Up Stories

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договорот од Преспа е фантастичен пример како се решават спорови, порачаа Хан и Могерини на „Преспа форумот за дијалог“

Редакција

ЕСМ склучи договор со „Спектартермо„ вреден 1,4 милион евра

Редакција

Повеќе жени, најмногу на возраст од 30-39 години: Детали за новите случаи на заразени со Ковид-19 во Македонија

Редакција