еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ниеден вакциниран меѓу починатите од Ковид-19 минатата недела, 87,1% невакцинирани меѓу новите случаи

Министерството за здравство започнува со редовни анализи на неделно ниво, која секој петок ќе ја објавува во јавноста, а се однесува на процентот на вакцинирани меѓу позитивните случаи и починатите од Ковид 19 во државата. Во оваа анализа за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од  примање на втора доза вакцина, информираат од Министерството.

“Во период 06.08 до 12.08.2021 на територија на државата 3.497 граѓани се позитивни од тестирани, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8%.

Голем процент, дури 87,1% или 3.047 граѓани од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е 100%“, покажува анализата.

Во период од една седмица на територија на државата починале 25 лица со Ковид-19, ниту еден од нив не бил вакциниран.

“Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канада го затвори својот воздушен простор за руските авиокомпании

Редакција

Казнети 390 лица поради неносење заштитна маска

Редакција

Мартина од Битола е девојката која загина во сообраќајката кај Солун

Редакција