еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

28-годишна медицинска сестра од Кичево почина од компликации со Ковид-19

Порталот Плусинфо објави дека 28- годишна медицинска сестра од општата болница во Кичево поради компликации од коронавирусот во текот на вчерашниот ден ја загубила битката.

Директорот на општата болницата во Кичево, д-р Станко Трпески за Плусинфо ја потврди информацијата. Таа не била вакцинирана, поради други здравствени причини.

– Во текот на минатата недела нашата колешка беше примена во болницата во инфективното одделение кај нас при што и беше укажана соодветна грижа. Таа се лекуваше во болнички услови од четвртокот до неделата, но поради влошената здравствена состојба беше транспортирана на Инфективната клиника во Скопје, вели Трпески за порталот.

Тој вели дека по пристигнувањето во Скопје, состојбата на сестрата значително се подобрила, но за жал во текот на вчерашниот ден изненадувачки дошло до влошување на состојбата, по што во попладневните часови ја добиле лошата вест, дека младата медицинска сестра не успеала да се избори со коронавирусот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешната министерка Јанкулоска ќе оди во затвор за случајот „Тенк“, за набавката на „мерцедесот“

Редакција

Прилепска пиварница откупи сопствени акции

Редакција

Мртва трка на претседателските избори: Пендаровски 315.434, Силјановска Давкова 314.541 гласови

Редакција