еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Професор Трајковски: Деновиве сме веќе практично на врвот, во октомври ќе видиме дали сме ја научиле лекцијата

Ви ја пренесуваме последната анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно прави анализа за состојбата со Ковид-19 во Македонија.

“26.08.2021. Точно како што предвидуваше теоријата уште на почетокот на овој бран, при поголема преносливост (поголем базичен репродукциски број R0) бранот побрзо искачува, врвот побргу се достигнува, а би требало и намалувањето на дневните броеви да биде побрзо.

Деновиве сме веќе практично на врвот, неколку дена пред прогнозираното од пред само една недела.

Задолжителната вакцинација за влез во големите угостителски и други објекти елегантно го реши проблемот, без никакви забрани, како со свадбите, така и со гужвите во кафеаните и моловите.

На првата слика убаво се гледа дека после 16 август започна наглото намалување на преносливоста.

На втората слика седумдневната подвижна средина на дневниот број на нови случаи (жолтата линија) веќе го исцртува врвот.

Ова се практично максималните броеви од летниот бран, со случајни дневни варијации, пред да започне намалувањето.

Потврда за настапувањето на врвот наоѓаме и кај стапката на позитивни тестови, која повеќе не расте (црвената линија на третиот дијаграм).

Не достигнавме 30%, но и овие вредности не се мали како за среде лето.

Општо земено, сите показатели се изненадувачки високи и ги надминуват ориентационите пресметки коишто ги правев пред пристигнувањето на Делта сојот во земјава.

Бројот на активни случаи ќе продолжи да искачува уште неколку дена, но диференцијанцијалните равенки на динамиката на епидемијата, при претпоставена вредност Rt=1,0 за ефективниот репродукциски број во наредните денови, прогнозираат максимирање на овој број на малку над 16.000 случаи.

Бројот на хоспитализирани исто така би требало да достигне максимум на околу 1.300-1.400 случаи во првите денови на септември.

Бројот на починати нема да порасне многу и ќе се движи во рамките на последните дневни броеви, но да не испуштаме од вид дека 294 починати само во првата половина од летниот бран не е мал број.

90% од тие 294 луѓе починале практично за ништо, само поради неверување во вакцините и верување во разни глупави теории на заговор.

Во октомври ќе видиме дали лекцијата е научена или ќе продолжиме по старо.

Кога сме веќе кај високиот опфат со вакцинација и смртноста, да кажеме дека во Битола смртноста не е многу повисока отколку во Велика Британија во овој бран, со околу 4 починати на милион жители дневно, наспроти 3 пати поголемиот државен просек од 12 починати на милион дневно.

Има разлика. За Тетово подобро да не зборуваме.

Сценариото за септември и октомври останува исто.

Летниот бран ќе се намалува следниот месец, а со влегувањето во есента и порастот на преносливоста ни оваа прележаност, во комбинација со вакцинираноста, најверојатно нема да биде доволна да спречи нов бран.

Веќе слушаме дека во Словенија веќе се подготвуваат за многу силен есенски бран, па ни Македонија не може да биде исклучок во тој поглед.

Бројот на вакцинирани коишто ќе бидат во состојба да спречат ширење на заразата (тие со доволен титар на антитела) ќе остане приближно ист како сега.

Иако деновиве има масовна вакцинација на луѓе кои ќе бидат таман навремено подготвени за октомври, заштитниот ефект (зборуваме за против заразување, не толку против тешка форма на болеста) кај вакцинираните во март и април ќе биде во опаѓање, така што со заштитата ќе бидеме приближно на денешното ниво.

Заштитата ќе биде иста, но зголемената преносливост ќе стане проблем, па оттука доаѓа стравувањето за нов бран, односно продолжување на сегашниот.

Останува да видиме каков ефект ќе има почетокот на учебната година со физичко присуство, а тоа ќе го видиме преку репродукцискиот број Rt уште кон средината на септември“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професор Трајковски: Вакцините не ги оштетуваат репродуктивната или сексуалната функција, Ковид-19 ги оштетува и двете

Доктор Трајковски за искуствата со пациенти со делта сојот: Болеста прогресира за само 24 часа

Професор Трајковски: Невакцинираните имаат за 7,7 пати поголеми шанси да умрат од Ковид-19 од вакцинираните

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео)„Различни светови“: Израелците покажаа како се протестира сред „корона-криза“

Редакција

ФФМ не е државна институција и нема обврски од Преспанскиот договор, одговори МНР на реакцијата на Атина до УЕФА

Редакција

Aвтобусот се движел со над 100 километри на час и нема ниту еден милиметар знаци на кочење – несреќата е резултат на човечка грешка, вели секретарот за безбедност на Перник

Редакција