Пет лица од источниот регион ја загубија битката со коронавирусот во изминатите 24 часа во штипската Клиничка болница.
Станува збор за пациенти од Радовиш, кочанското село Спанчево, Делчево и две лица се од Штип.
Во штипскиот ковид центар денеска се хоспитализирани вкупно 53 лица, од кои 45 се во модуларната болница, а осум лица се на Кожното одделение, кои се стабилизирани по третманот во модуларната болница.
Според податоците од болницата 37 лица се на кислородна поддршка, а во дневната амбуланта имаат 27 прегледи.
Од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Штип денеска излегоа со детална анализа во која се вели дека во Штип од почетокот на пандемијата до денес се регистрирани 5.229 позитивни лица, починати се 150, оздравени 4.895, а моментално активни се 186 лица.
Мал дел од активните се вакцинирани и се со лесна клиничка слика. Починати од новиот бран се 4 лица од кои 3 се невакцинирани, а еден вакциниран со две дози над 70 години со коморбидитети.
Забележани се и по еден случај на новозаразени во три штипски конфекции, а заразата им е од семејни контакти.
-Во однос на возрасни групи најголем процент се над 60 години со пораст на возрасна група од 20-39 години во последните две недели. Во училиштата се поставени ковид координатори, кои се во постојан контакт со ЦЈЗ и се постапува соодветно.
Во моментот има едно лице – воспитувачка во детска градинка, која е позитивна на Ковид-19, истата е ставена во изолација и изолирана е групата на деца со кои била во контакт, се вели во соопштението од Центар за јавно здравје-Штип.
Започната е дезинфекцијата и дератизацијата во предучилишните и училишните установи и истата ќе биде завршена до почетокот на школската година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Дебар од Ковид-19 почина еден пациент, претходно починала и неговата сопруга
Двајца починати од Ковид-19 во Тетово, сите хоспитализирани на кислородна поддршка
МИА/Фото: МЗ