еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во штипската болница од Ковид-19 почина 35-годишна пациентка од Радовиш и 71-годишен пациент од Делчево

Во штипската модуларна болница се намалува бројот на пациенти, кои болнички се лекуваат. Според извештајот, во модуларната болница се лекуваат 32 пациенти од кои 24 се на кислородна поддршка.

Во Кожното одделение со полесна клиничка слика се девет лица.

Битката со коронавирусот во изминатите 24 часа ја загубија 35-годишна пациентка од Радовиш и 71-годишен пациент од Делчево.

Началникот на штипското Инфективно одделение, Дијана Гајдарџиска-Шишкова за МИА вели дека 35-годишната пациентка во болницата е донесена во тешка состојба, со обезност и ниска сатурација.

Апелира пациентите да се јавуваат на лекар, со цел да имаат навремен болнички третман.

Болнички третман бараат пациенти над 60 години, но на возраст од 30 до 50 години се лекуваат вкупно четворица, а на возраст над 20 години имаат една пациентка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Ковид-19 во тетовската болница починаа 6 лица, најмладиот 53-годишна возраст

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хоспитализирани уште 20 лица, меѓу нив и тројца пожарникари

Редакција

МВР со детали за свадбените пукотници во кои беа повредени синот на пратеникот Џеват Адеми и уште едно лице

Редакција

Маркетите нема да работат за Божиќ

Редакција