еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев за оставката на Филипче ќе одлучи откако ќе заврши истрагата: „Одговорност ќе има, но утврдена врз факти“

Премиерот Зоран Заев, во писмено обраќање до јавноста и до претставниците на медиумите вели дека поднесените оставки по несреќата во ковид-центарот во Тетово ги разбира како висок морален и етички чин, и како демонстрација на интегритет и одговорност, која е неминовна при вакви големи несреќи.

Посочува дека одговорност има и ќе има, јасно утврдена врз основа на непобитни форензички факти, а не врз основа на политички пресметки и апелира сите да останеме фокусирани на истрагата и на фактите, да го одржиме силен националниот дух, да бидеме ангажирани, но и трпеливи, да ја поминеме оваа трагедија заедно и да помогнеме за никогаш повторно да не ни се повтори.

– Почитувани граѓани, огромни се тагата и жалоста низ кои поминуваме овие денови заедно со семејствата и блиските на загинатите при несреќата во тетовскиот ковид-центар. Веќе трет ден сведочиме дека трагедијата која се случи на 30-годишнината од денот на независноста ги покрена на највисоко ниво солидарноста кај граѓаните, респонзивноста на институциите и одговорноста на политичарите.

Поднесените оставки од министерот за здравство Филипче, од заменик-министерот Хасани и од директорите на тетовската болница, Бесими и Етеми ги примив и ги разбирам како висок морален и етички чин и како демонстрација на интегритет и одговорност која е неминовна при вакви големи несреќи.

Истражните и правосудните органи спроведуваат исклучително темелна, професионална и брза истрага која мора да ги утврди до детаљ причините за избувнувањето на смртоносниот пожар. Кон стручноста и кредибилноста на истрагата ќе придонесат и форензичарите од Германската федерална криминалистика, за што веќе се реализираат подготвителни извидувања и активности и за што упатувам огромна благодарност до нашиот НАТО сојузник, Германија, посочува Заев во обраќањето.

Во овие моменти на национална трагедија и на целосна мобилизација на сите државни и општествени капацитети околу целосно расветлување на случајот, тој упатува благодарност до сите чинители кои, како што нагласува, во исклучително краток рок спасија човечки животи, обезбедија сериозни информации и анализи при истрагата, обезбедија врвна стручна странска експертиза, покажаа огромно чувство на солидарност и сочувство и демонстрираа највисоко ниво на одговорност.

– Имајќи предвид дека истрагата се спроведува со висока динамика и дека истата е обезбедена со највисоко ниво на стручност и професионалност, мојата проценка и одлука по однос на поднесените оставките ќе ја базирам исклучиво на фактите кои ги добивам од истрагата односно исклучиво согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот.

Очекувам тоа да се случи брзо во следниот период за што уште еднаш апелирам до сите институции за брза и темелна истрага. Одговорност има и ќе има, јасно утврдена врз основа на непобитни форензички факти, а не врз основа на политички пресметки.

Апелирам до целиот народ, до јавноста и до претставниците на медиумите, сите да останеме фокусирани на истрагата и на фактите, да го одржиме силен националниот дух, иако сме облеани во тага, да бидеме ангажирани, но и трпеливи, да ја поминеме оваа трагедија заедно и да помогнеме за никогаш повторно да не ни се повтори, вели Заев.

Тој најавува дека во текот на следната недела, во првиот момент откако експертската истрага ќе покаже нов посериозен напредок, ќе ги соопшти ставовите на Владата базирани на фактите од истрагата, на прес-конференција на која ќе одговари на сите прашања од медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорите на сите јавно-здравствени установи со писмо до Заев: „Не ја прифаќаме оставката на Филипче“

Филипче поднесе пишана оставка до Заев: „Последната трагедија во Тетово многу ме погоди“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈСП Скопје вработува 12 лица, плата до 40.798 денари

Редакција

Град Скопје поденесе тужба против „Слобода превоз“ и „Макекспрес“

Редакција

Kоцевски: Куќните совети и управители да извршат дезинфекција на колективните станбени згради во Велес или ќе бидат санкционирани

Редакција