еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(ВИДЕО) Д-р Мехмедовиќ за полнење на болниците со млади и смртноста од Ковид-19: „Вниманието се насочи кон повозрасните, оваа категорија беше запоставена“

Една од причините зошто болниците се полнат со млади луѓе и тие умираат е тоа што стратегијата за вакцинација беше насочена кон повозрасната популација, и оваа категорија на лица беше запоставена, изјави д-р Злате Мехмедовиќ за Канал 5.

„И кампањата која се водеше беше во насока на тоа да ги заштитиме постарите, но како да подзаборавивме на здравјето на помладите.

Ваква клиничка слика добиваме затоа што имаме и нова варијанта, која е поагресивна кон младите и тоа е една од причините зошто се јавува потешка клиничка слика,“ вели Мехмедовиќ и додава дека многу фактори се во прашање.

Тој смета дека ако се продолжи на овој начин и се овозможи широка трансмисија на вирусот без вакцинација од 70 проценти, ќе овозможиме вирусот да мутира и во иднина ќе ги таргетира младите, па дури и децата.

Тој смета дека треба да има тестирања во училиштата со брз антигенски тест на одреден период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пановски за смртноста на младите од Ковид-19: Починати од 20 до 40 години имаше и претходно, статистиката треба да каже дали сега се повеќе

Доктор Лазаров: „Со Ковид-19 се изборува вашето тело, специфичен лек нема, никако инфузии за освежување по желба“

Фото: Фејсбук/Мехмедовиќ/видео: Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Лазаров: Објективна е итната потреба да се скрати периодот на изолација на позитивни пациенти, но во тој случај е неопходен барем брз антигенски тест

Редакција

Времето денеска сончево со умерена облачност, во западните делови со услови за локален дожд

Редакција

Доктор Беќаровски: „Колку подолго трае пандемијата со Ковид-19, толку повеќе луѓе ќе ни умираат незгрижени од карциноми, срцеви и мозочни удари, дијабет, труења“

Редакција