еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Заев со семејството се попишаа во домот во Струмица

Премиерот Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска обврска и ја спроведе постапката за попишување.

Како што истакна тој, на овој начин тие станаа партнер во овој процес за да може државата, јавните институции, локалната власт и бизнис заедницата врз основа на добиените податоци да обезбедат подобар живот за сите граѓани на Македонија.

„Остануваат уште 4 дена до крајот на најважната и најсложена статистичка операција – Попис на населението, домаќинствата и становите, којашто ја спроведува Државниот завод за статистика.

По 20 години, конечно нашата држава ќе добие релевантни и актуелни податоци кои понатаму ќе бидат основа за креирање на реални политики кои во целост одговараат на потребите на граѓаните”, рече Заев.

За оваа операција да биде целосно успешна останува и понатаму апелот, нагласи премиерот Заев, да ги пречекате попишувачите и низ едноставна постапка и за многу кратко време секој граѓанин да го даде својот придонес и со тоа да имаме успешен попис како гаранција за сигурна и предвидлива иднина за сите нас.

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Султан“ партии: Каква моќ има Зоран Заев во СДСМ

Редакција

СДСМ формираше работна група за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

Редакција

60 тужби за „Лореал“ во кои се тврди дека производи на компанијата предизвикуваат рак и други здравствени проблеми

Редакција