еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 743.374, трета доза примиле 571 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.458 дози вакцини, од кои 873 се аплицирани како прва доза, 2.513 се ревакцинирани, а 72 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерство за здравство.

„Заклучно со 6 октомври вкупно се вакцинирани 793.179 граѓани, ревакцинирани се 743.374, а трета доза примиле 571 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47%, а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на судска медицина Александар Станков, контра бугарските обвинители: Видов 44 целосни тела и делови од 45 тело

Редакција

Папата Франциск ја благослови Северна Македонија

Редакција

Судијата Енвер Беџети со месеци го “чувал“ предметот „Таргет-Тврдина“ за Мијалков во фиока

Редакција