еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Во Крушево пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески

Во Крушево денеска пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески и се поклонија во спомен обележјето на Гумење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Тоше ни ја остави засекогаш музиката: Најубавите песни на Проески

Крушевчани ултрамаратонците ги пречекаа со црвени рози.

Петмина ултрамаратонци пред два дена го започнаа симболичното истрчување на 15 километри од Нова Градишка, од местото на големата трагедија, а уште 10 ултрамаратонци, својот маратон до Крушево и до Гумењего го започнаа утредента, на 15 октомври, од граничниот премин Табановце, преку Скопје до Крушево.

Помеѓу маратонците за првпат е и најстариот, 69-годишниот Ангел Малинов.

По повод 14-годишнината од загинувањето на Тоше Проески, во Крушево од изутрина пристигнуваат негови фанови од земјава и од Хрватска, Бугарија и Русија. Дел од нив изразија желба ултрамаратонот да се вика „Маратон на љубовта“.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП за државни патишта склучи договор со „Енерџи деливери солушнс„ вреден 5,5 милиони евра

Редакција

Владата одлучи: Се забрануваат новогодишни прослави, угостителските објекти ќе работат до 18 часот

Редакција

(Фото) Македонското и НАТО знамето под водите на Охридското Езеро

Редакција