еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: Излезноста на Локалните избори до 9.30 часот е 3,28%

Од вкупно 1.824.864 избирачи, до 9.30 часот до Државната изборна комисија (ДИК) пристигнале податоци од 1.325 избирачки места или 38,07 отсто.

Вкупен број на запишани избирачи во избирачки места од кои пристигнале податоци е 714.568, а вкупен број на избирачи кои гласале во избирачки места од кои пристигнале податоци е 23.468 или 3,28 отсто.

Ова го соопшти на денешната прва прес-конференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Тој информира гласањето почна во 7 часот. Сите избирачки места се отворени од избирачките одбори и процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено.

-Во одредени избирачки места кои се во помал број се појавија одредени потешкотии околу ракувањето со уредите, дел од нив веќе се надминати, а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица на самите избирачки места.

Во некои избирачки места каде поради лоши отпечатоци не можат да се препознаат, гласањето тече со оставање отпечток во хартиениот избирачки список, во кои се запишани гласачите и им се овозможува да гласаат понатаму, изјави Даштевски.

ДИК, како што рече, испрати е-маил до сите општински изборни комисии, кои ќе го проследат до избирачките одбори. Тоа се однесува за тоа доколку гласачот неспорно е идентификуван во избирачкиот список, а уредот за биометриска идентифиакција не го препознава и по неколку обиди, на гласачот му се дозволува да гласа со оставање отисок на прст во изводот од избирачкиот спсисок во графата за отисок на прст.

Стариот начин на гласање со употреба на спреј и УВ-ламба се применува само ако уредот за биометриска идентифиакција на гласачот е неупотреблив или нема можност за негова замена.

Даштевски ги повика граѓаните да излезат на гласање помасовно и најави повеќе информации на следната прес-конференција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Најдобро е да избегнуваме повторени заразувања со Ковид-19 сé додека трае пандемијата

Редакција

„Јумак“ го доби тендерот на Град Скопје за дизајн и изведба на велосипедска патека на Водно вреден 115.000 евра

Редакција

Чаир прв во Македонија по активни случаи на Ковид-19: Како изгледа бројот на заразени по скопските општини

Редакција