еМагазин
Македонија

ДИК ќе формира комисија за увид во избирачкиот материјал од гласачко место 543 во Дебар

Државната изборна комисија (ДИК) ќе формира комисија која ќе изврши увид во целокупниот избирачки материјал од избирачкото место 543 во Дебар.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на вчерашната седница рече дека ќе формира комисија и откако таа ќе ги добие решенијата ќе се закаже седница за што јавноста ќе биде навремено информирана.

–  Со оглед дека во законот пишува дека ДИК на барање на член на Комисијата задолжително врши увид во целокупниот избирачки материјал во избирачко место каде што се спровело гласањето на начин предвиден со член 108 од законот, изјави Даштевски, додавајќи да се формира комисија на чело со Кренар Лога, член на ДИК, кој бараше да се прегледа материјалот,

Лога бара да се спроведе споредување на отпечатоците од прсти за избирачко место 543, каде од записникот, како што рече, се гледа дека 172 избирачи имаат гласано без совпаѓање на отисок во уредот. .

Членот на ДИК, Оливер Ристовски, претходно рече дека ова е предлог по кој ДИК не одлучува и реагираше да се утврдат критериуми врз основа на што ќе се утврдува дека се исполнети законските услови за ова право.

– Тоа е законски предлог и нема зошто да го гласаме, но сакам и за сега и за во иднина да поставиме некои критериуми. Прво, врз основа на што ние утврдуваме дека е процентот исполнет од законската обврска, и второ, за ова одлучува претседателот на Комисијата, бидејќи за мене е се чисто на избирачко место 543, изјави Ристовски.

Претходно, членовите на ДИК со четири гласа „против“ и три „за“ го отфрлија приговорот на коалицијата на Алијансата за Албанците (АА) и Алтернатива за избирачкото место 543 во Дебар.

Претставникот на АА и Алтернатива бараше поништување на гласањето на ова избирачко место, што беше поддржано од членот на ДИК, Лога. Според Лога, записникот од Избирачкиот одбор е невалиден, бидејќи не бил потпишан од мнозинството членови на ИО.

Исто така, беше наведено дека претседателот на Одборот на избирачкото место на денот на гласање бил разрешен од ОИК Дебар, но продолжил да ја врши функцијата.

Членовите на ДИК од ДУИ и СДСМ посочија дека во записникот нема забелешки за текот на гласањето, така што нема основ за поништување на гласањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК ги одби сите шест приговори на Левица

ДИК го отфрли барањето на АА и Алтернатива за поништување на гласањето на избирачко место во Дебар

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски се спаси: Унгарија не дозволува екстрадиција

Редакција

Премиерот Заев го пријавил случајот „Рекет“ на 22 април годинава

Редакција

Нови 758 случаи на Ковид-19 од 2.562 тестирања

Редакција