еМагазин
Image default
Бизнис

Макошпед со раст на добивката од 13%

Макошпед АД Скопје за периодот јануари – септември 2021 година оствари позитивен финансиски резултат од 12.081 илјади денари, искажан во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Остварените вкупни приходи за период јануари – септември 2021 година изнесуваат 68.114 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2020 година бележат намалување.

Оперативните приходи изнесуваат 63.048 илјади денари и бележат намалување во однос на оперативните приходи за истиот период 2020 година, што најмногу се должи на реализирана продажба на средства наменети за продажба во 2020, поголеми останати оперативни приходи во 2020 година, како и намалени продажби на странски пазар во 2021.

Финансиските приходи изнесуваат 5.066 илјади денари и се повисоки во однос на истиот период минатата година.

Вкупните расходи за период јануари – септември 2021 година во износ од 55.359 илјади денари бележат намалување во однос на вкупните расходи за истиот период 2020 година.

Оперативните расходи во периодот јануари – септември 2021 година изнесуваат 55.162 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период 2020 година.

Финансиските расходи изнесуваат 197 илјади денари и бележат зголемување во однос на финансиските расходи за истиот период 2020 година.

Оперативната добивка за периодот јануари – септември 2021 изнесува 7.886 илјади денари и бележи зголемување од 13% во однос на оперативната добивка за истиот период 2020“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макошпед со добивка во првите шест месеци

Лидија Трајковиќ избрана за претседател на Одборот на директори на Макошпед

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) ТАВ организираше забава за првите патници на летот Скопје-Љубљана на „Виз ер“

Редакција

На кој број да го пријавите работодавецот ако не ви исплатил К-15

Редакција

ТАВ: Превезени над 3 милиони патници на двата македонски аеродроми

Редакција