еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одлуката на Заев за оставка е избрзана и неоснована, не се согласувам со него, вели Ахмети

Синоќа разговарав со премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и му пренесов дека не се согласувам со неговите одлуки за оставка од двете функции, истакна претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.

Ахмети нагласува дека му посочил на Заев дека во СДСМ треба да се разгледа неговата одлука, која, според него, е „избрзана и неоснована“.

– Синоќа имавме доста тензичен разговор со Заев, дека не се согласувам со таквата одлука, со неговата оставка од партијата и претседател на Владата. Му ги нагласив силните позиции на ДУИ. Овие се локални избори, ние пред една година победивме на општите избори и добивме мандат за да раководиме со политиките на државата.

Така што и денеска повторно разговарав со Заев, му реков дека не можеме да направиме компромис за големи работи, за тој да се повлече. Во неговата партија треба да се разгледа оваа одлука, која според мое мислење е избрзана и неоснована, изјави Ахмети за ТВ 21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петковски: Не треба да има предвремени парламентарни избори, Владата да продолжи со работа

ДОМ и ЛДП остануваат дел од парламентарното мнозинство, не се за одржување на предвремени избори

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црн рекорд: Од Ковид-19 починаа 40 лица

Редакција

(Видео) Дилемите остануваат: Како изгледаше акцијата на МВР во Диво насеље

Редакција

(Фото) Скулптура на светите браќа Кирил и Методиј од Серафимовски за папата Франциск

Редакција