еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: „Доколку Заев не поднесе оставка, ќе поднесеме иницијатива за недоверба на Владата или ќе одиме на брзи избори“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по објавувањето на новото парламентарното мнозинство, изјави дека доколку премиерот Зоран Заев не ја поднесе најавената оставка, тие ќе поднесат иницијатива за недоверба на Владата.

-Мнозинство кое што ќе гарантира дека оваа влада предводена од СДСМ ќе е минато. Ја очекуваме оставката на Заев, која ја најави. Доколку тоа не се случи ќе поднесеме инцијатива за недоверба на Владата. Очекуваме да ја поднесе оставката, рече Мицкоски.

Тој очекува Заев да ја поднесе најавената оставка, а за сите детали јавноста ќе биде дополнително информирана.

-Затоа и беше оваа средба денеска, за да излеземе пред јавноста дека постои мнозинство во Парламентот, кое, доколку Заев не ја поднесе оставката ќе и изгласа недоверба на неговата Влада, рече Мицкоски посочувајќи дека ако ја достави Заев утре оставката понатаму има законски, процедурални рокови и уставни одредби, во кои што, има дестина дена претседателот на државата да го даде мандатот, а потоа 20 дена преговори.

Очекувам, истакна, во периодов што следи да се обидеме да создадеме ново владино мнозинство. Како што рече, сите опции се во игра.

-Едната опција е да се формира ново мнозинство кое што ќе изгласа недоверба на Владата, доколку Заев тактизира со оставката, и втората е да одиме на брзи и предвремени парламентарни избори.

Ова е мнозинство со коешто се гаранитра дека оваа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев е минато. За се останато треба да седнеме, разговараме за програмски определби, за иднината, за стратегијата понатаму, ќе имаме прес-конференција и ќе кажеме малку повеќе, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето кој победи на Локалните избори и дали се потребни избори или нова стабила власт, повтори дека има две опции.

„Едната опција е ново парламентарно мнозинство кое што ќе избере политичка влада, која што ќе продолжи со реформскиот процес, со борбата против криминалот и корупцијата која што претставува основен проблем во Македонија, влада која што ќе имплементира реформи во здравството и во образованието, влада која што ќе ја однесе нашата држава, а тоа е местото во рамки на ЕУ, и втората опција е доколку не успееме нормално да формираме такво мнозинство да одиме на брзи парламентарни избори,“ додаде Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се следните чекори, доколку премиерот Заев поднесе оставка до Собранието или на Владата ѝ се изгласа недоверба

Што пишува во Уставот: Колку пратеници може да постават прашање на доверба на Владата

(Фото) На маса со коалиционите партнери: Мицкоски објави дека опозицијата обезбедила парламентарно мнозинство

Апасиев и Таравари потврдија дека има ново парламентарно мнозинство

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момчето кое во сообраќајна несреќа ја усмрти 24-годишната Викторија од Радовиш, призна вина

Редакција

Тлото не мирува: Нова серија земјотреси во реонот на Битола и Лерин

Редакција

Радев ги оцени како алармантни случаите на дискриминација и систематско кршење на правата на Бугарите во Македонија

Редакција