еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Села: Собраниската седница може да продолжи во секој момент ако се обезбедат услови

Претседателот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села попладнево пред Собранието изјави дека собраниската седница за доверба на Владата се уште не е завршена и оти до полноќ може да продолжи во секој момент, кога ќе се обезбедат услови.

Најважно во моментот, како што рече тој, е да се дознае каде е пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи.

Села рече дека не може да каже дали Реџепи е безбеден или не, но загрижен е поради фактот дека има само една негова објава на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами се сомнева дека неговиот сопартиец Реџепи против своја волја не дошол во Собранието

Мицкоски: Има многу шпекулации за не појавувањето на пратеникот Реџепи, ќе чекаме до 12 да се појави

– Не знаеме каде е еден пратеник, каде се наоѓа. Тоа го кажувам од човечки аспект. Сите без разлика дали се политичари или не, треба да бидат навистина загрижени со фактот дека имаме само еден Фејсбук статус.

Одговор треба да дадат институциите. Не можам да кажам дали е безбеден или не е, но самиот факт дека немаме негово физичко присуство, мислам дека сите кои се хумани, треба да се прашаат каде е. Тоа е најважно.

Сите оние кои аплаудираат на ваквиот развој на настаните, мислам дека кај нив нема ништо хумано. Моето очекување е дека пратениците треба да одлучат според своја волја, да не бидат уценети, ако има уцени, не можам со сигурност да го кажам ова, истакна Села. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Киднапирале пратеник мислејќи дека така нема да паднат

На опозицијата ќе и фали пратеник: Реџепи од БЕСА нема да учествува на собраниската седница за гласање недоверба на Владата

МИА/Фото: Фејсбук/Села

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

40-годишен маж загина во сообраќајка кај Прилеп

Редакција

Ќе биде ли професорката Гордана Силјановска кандидат за претседател на државата

Редакција

По барање на 39 земји отворена истрага за можни воени злосторства во Украина

Редакција