Којзнае колку пати споделив научни трудови во коишто непобитно е утврдено дека конвалесцентната плазма на прележаните од ковид (CCV) не е поефикасна од плацебо во лекувањето на ковид болните – како лесните, така тешките и критичните болни, вели проф. Дејан Трајковски, откако Светската здравствена организација (СЗО) се произнесе дека лекувањето со конвалесцентна плазма, не дава резултати.
„Со други зборови, леталитетот кај лекуваните со CCV статистички не се разликува од леталитетот кај лекуваните без CCV или со плацебо.
По цела година, конечно се огласи и СЗО и упати апел до докторите да не губат време со CCV, затоа што нема фајде.
Некои од излекуваните мислат дека успехот се должи на примената CCV, но научните истражувања утврдиле дека тие секако би преживеале и без неа.
Лекувањето со конвалесцентна плазма е метода стара преку 100 години, која секако дава добри резултати кај некои болести, но не и во случајот на Ковид-19,“ пишува Трајковски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проф. Трајковски: Новиот сој омикрон во Македонија ќе пристигне пред новогодишните празници
Проф. Трајковски: Највисок морталитет од делта сојот имаат Крива Паланка, Кавадарци и Валандово
Фото: Трајковски/Фејсбук