Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ. Избран е на вонредните внатрепартиски избори со 37.649 гласови од членството.
Другите двајца кандидати беа Јован Деспотовски, кој освои 3.319 гласа и Фросина Ременски, која доби 2.836 гласа. Неважечки беа 602 ливчиња.
Ковачевски доаѓа на местото на Зоран Заев, кој беше лидер на СДСМ од 2013 година и кој по неуспехот на локалните избори во октомври најави оставка и од лидерската партиска, но и од премиерската функција.
На вонредните избори се гласаше на 194 избирачки места низ општинските организации во државата од 08.00 до 19.00 часот, со заокружување на редниот број на еден од тројцата кандидати за претседател на СДСМ кои се наоѓаа на гласачкото ливче, согласно жрепка за утврден редослед.
Изборите следуваа по оставката на Заев што ја констатираше Централниот одбор на партијата на 26 ноември годинава.
Заев дојде на чело на СДСМ во 2013 година. Тој го наследи Бранко Црвенковски, кој целосно се повлече од функцијата по поразот на СДСМ на тогашните локални избори.
Лидерска позиција во партијата претходно имаа и Владо Бучковски, како и Радмила Шекеринска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ
Каков имот пријавил Димитар Ковачевски, кој ќе се кандидира за претседател на СДСМ
МИА/Фото: СДСМ