еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Омикрон сојот се шири со исклучително голема брзина

Омикрон сојот се шири со исклучително голема брзина и досега беше потценет, ова се најновите заклучоци на Светската здравствена организација (СЗО) за новиот сој на Ковид-19.

Според генералниот директор на организацијата, Тедрос Гебрејесус, иако болеста е со полесни симптоми, бројот на заразени може да ги попречи здравствените системи, особено во помалку развиените земји.

Во моментов, случаи на Омикрон се официјално пријавени во 77 земји, но вирусот најверојатно циркулира во повеќе држави.

Тедрос смета дека Омикрон не може да се запре само со вакцинација, туку дека се потребни и санитарни мерки како лична хигиена, носење маски, проветрување.

Во меѓувреме, бројот на смртни случаи од коронавирусот во САД надмина 800.000, а бројот на заразени во земјата надмина 50 милиони. Податоците се од Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

За брзото ширење на Омикрон сведочи фактот дека во последните 11 недели има 100.000 смртни случаи – најмногу за толку краток временски период. Споредбата се базира со зимата 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Мехмедовиќ: Третата доза создава заштита од омикрон, рано е за четврта

Проф. Трајковски за Омикрон сојот: Вакцинирање со трета доза на постарите, а особено на тие вакцинирани со кинеските вакцини

Истражување во Израел: Три дози од Фајзер штитат од омикрон, но 4 пати помалку од делта сојот

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Болницата „8 Септември“ се става во функција за потребите за згрижување на пациенти со корона вирусот

Редакција

Се надеваме на продолжување на соработката во сите области со која влада и да произлезе, порачуваат од Грција

Редакција

Просечната пензија од 17.666 денари се зголемува на 19.150 денари

Редакција