еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија мора да го промени Уставот и во него да ги додаде Бугарите, порачува бугарскиот претседател Радев

Претседателот на Бугарија Румен Радев за време на престојот во Брисел за европското електронско издание Еуроактив изјави дека Република Северна Македонија мора да го промени својот Устав. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Радев ова би бил чекор кон решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

Според Радев, се смета дека Бугарија и Република Северна Македонија се во процес на повторно преговарање за Договорот за пријателство и добрососедство, но тоа не е така.

-Ние сме во процес на барање начин за подобро спроведување на овој договор. Договорите треба да се почитуваат. Ова е главен предуслов за да се биде член на ЕУ. Договорите на ЕУ мора да се почитуваат на ист начин, рече Радев.

Според него, најголемата грижа на Бугарија е што Република Северна Македонија не ги применува основните принципи и вредности на ЕУ, како што се човековите права и недискриминацијата.

-Пред четири години верувавме дека договорот ќе ги реши проблемите во билатералните односи, на ист начин како што тоа го правеше Договорот од Преспа, но денеска има заостанување по сите точки од него.

Расте говорот на омраза против Бугарија, нема политичка волја за отстранување навредливи текстови во учебниците, нема политичка волја да се запре фалсификувањето и уништувањето на бугарското културно и историско наследство во овој дел од светот, вели Радев.

Дискриминаторскиот третман на македонските Бугари трае со децении. И тоа, вели тој, треба да престане. Според него, денес повеќе од 120.000 македонски граѓани имаат и бугарско државјанство и тие, посочува Радев, не се само бугарски државјани, туку и граѓани на ЕУ, а тоа значи многу кога станува збор за човековите права.

-Македонските Бугари мора да бидат третирани подеднакво со сите други групи на луѓе споменати во нивниот Устав. Се работи за принципи, а не за преговори. Сакаме да видиме неповратни и одржливи резултати, законски обврзувачки, рече бугарскиот претседател.

На Република Северна Македонија и требаа шест месеци да го спроведе Договорот од Преспа со Грција, па дури и го сменија името на својата земја, вели Радев и реторички прашува зошто е толку тешко да се додадете еден, единствен збор – „Бугари“ во Уставот на Република Северна Македонија.

МИА/Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сончево и топло до петок, викендот облачно и постудено

Редакција

„Тепачка“ за акции од „Реплек“: Продаден блок вреден 93.000 евра

Редакција

ЈКП Комуналец – Прилеп склучи договор со Црна река петрол вреден 383,7 илјади евра

Редакција