еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Грција се жали на неспроведување на Договорот од Преспа

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас за време на расправата во Парламентот за буџетот за 2022 година, говорејќи за надворешната политика, се осврна и на регионот, и рече дека „проблемите на Договорот од Преспа се очигледни“, но истакна дека врз основа на принципот договорите мора да се почитуваат (pacta sunt servanda), тие се да се стремат кон спроведување, јави дописничката на МИА од Атина.

– На Западен Балкан, придонесуваме регионот да го надмине неговото минато, да стане дел од принципите и вредностите на Европската Унија.

Проблемите на Договорот од Преспа се очигледни, но врз основа на принципот „pacta sunt servanda“ продолжуваме да се стремиме кон негово, со добра волја, спроведување и толкување за да одиме напред во нашиот регион, рече Дендиас.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банкарскиот сектор соодветно се справува со предизвиците наметнати од воениот конфликт, велат од Народна банка

Редакција

Управата за водење на матичните книги вработува 15 лица, плата до 26.257 денари

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ достави забелешки на 120 страници за законот за СЈО

Редакција